Ѓорчев на самитот на ИДУ: Економијата се влошува, медиумите се под удар, политичкиот прогон се засилува, Македонија назадува

Од:

За време на посетата на САД меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев се обрати пред околу 100 претставници на партиите на десниот центар од целиот свет.

Во своето обракање Ѓорчев истакна дека состојбите во македонската економија секојдневно се влошуваат, а Македонија брзо паѓа на поголем број на листи за водење на бизнис.

Ѓорчев додаде дека медиумските состојби во Македонија одат надолу и дека веќе се бројни примерите за притисоци кон медиумите и новинарите.

На крајот, Ѓорчев нагласи дека моментално во Македонија се случува политички прогон на опозицијата и дека не се санкционираат очигледни случаи на корупција и насилство каде што се учесници луѓе блиски до власта на СДСМ. Истовремено, политички мотивираните процеси станаа секојдневие, рече тој.

Во текот на самитот, Ѓорчев се сретна и разговарасе со делегациите на Републиканската партија и ИРИ, Конзервативната партија на Велика Британија, Европската народна партија (ЕПП), ЦДУ / ЦСУ од Германија, како и поголем број на други сестрински партии.

ИДУ е најголемата глобална алијанса на десниот центар која ги обединува партиите со конзервативна и народна ориентација, а беше формирана во 1983 година од Роналд Реган, Маргарет Тацер и Хелмут Кол.

Би можело да ве интересира

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон