Ѓорчев на рочиштето за 27 април: Молам за милост и човештина кон обвинетите

Од:

На продолжението од судењето за настаните од 27 април, сведочеше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. Тој бараше милост за обвинетите од судот.

„Го молам судот за милост и човечност кон овие луѓе, исто како што молев на 27 април да не се тепаат луѓе, да не се отиде предалеку“, рече во сведочњето пратеникот Влатко Ѓорчев со треперлив глас. „Молам за милост и човештина“, рече Ѓорчев.

„Ова е судница, а не собраниска говорница“, приговори обвинителката Вилма Рускоска.

Судијката Кацарска на Ѓорчев му рече дека би бил одличен адвокат на обвинетите. „Одржавте мал говор во судницата, ама вие пратениците заборавате дека ова не е Собрание“, рече Кацарска.

Обвинетиот Александар Василевски Нинџа го праша Влатко Ѓорчев дали неговиот, како што рече, потпалувачки говор пред Државната Изборна комисија во 2016 година бил прво полувреме за настаните од 27 април, но по приговорот на адвокатот Еленко Миланов, судијката не го дозволи прашањето.

Ѓорчев на крајот им заблагодари на сите во судницата за присуството, по што некои од присутните почнаа да се смејат.

Судењето е во фаза на доказна постапка со одбраната на обвинетите и нивните докази.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април