Германија испраќа специјален пратеник во Македонија за решавање на кризата

Од:

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, го назначил амбасадорот Јоханес Хајндл за специјален пратеник за Македонија кој треба да посредува во решавањето на политичката криза.

Ова попладнево го објави германското министерство за внатрешни работи на својот официајлен твитер-профил.

„Министерот за надворешни работи Штајнмаер назначи специјален пратеник за Македонија. Амбасадорот Хајндл ќе се координира одблиску со претставниците на ЕУ и на САД за поддршка на напорите за посредување“, стои во во твитот на германското Министерство за надворешни работи.

Хајндл е роден во 1956 година во Минхен. Специјлниот пратеник за Македонија бил новинар, дипломат, а од јули 2015 година е амбасадор на Германија во Австрија.

Хајндл и шеф на политичкиот оддел и претставник во Комитетот за политика и за безбедност на Постојаната мисија на Германија во Европската Унија.

Бил вработен во германската амбасада во Југославија, потоа преку размена на претставници бил во американскиот Стејт департмент, а потоа и заменик-шеф на специјалните сили за Западен Балкан нА германското МНР.

Помеѓу 2001 и 2004 година, Хајндл бил шеф на одделот за Западен Балкан, а до 2006 година бил претставник за Југоисточна Европа и за Турција во Министерството за надворешни работи, пред да биде назначен за заменик-шеф на Мисијата во САД од 2009 година.

Од 2009 година до 2011 година бил амбасадор во Чешка, а од јули 2015 година е германски амбасадор во Австрија.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски