Герасимовски издаде одобрение за нова единаесеткатница кај „Холидеј ин“; „Шанса за Центар“ го потсети дека планот е незаконски

Од:

Ќе се гради втората од трите висококатници на просторот спроти „Холидеј ин“. Општина Центар издаде одобрение за градење на втората од предвидените три висококатници по спорниот план за кој „Шанса за Центар“ уште еднаш потсети дека е незаконски оти не се совпаѓа со Генералниот урбанистички план.

Од Општината за „А1он“ кусо изјавија дека нема правна пречка за издавање на одобрението.

На паркингот спроти „Холидеј ин“ Општина Центар одобри да се изгради 11-катница

„Сè додека не се донесе нов план, во сила е стариот. Ова одобрение е издадено по стариот план и овој пат инвеститорот има одобрение да изгради 11-катница. Планот дозволува на таа локација изградба на три 60-катници, но успеавме да издејствуваме инвеститорот да ја намали катноста“, велат од Општина Центар.

„Шанса за Центар“ го потсети градоначалникот Горан Герасимовски дека планот по кој постапува е незаконски.

„Планот во сите параметри го прекршува Генералниот урбанистички план на Скопје, а тоа според Законот за урбанистичкото планирање, е незаконски и таков план не смее да се спроведува. Но, градоначалникот и Општината остануваат глуви на овие факти! Без разлика што Општината со издавањето на дозволите оди и самата против себе, против сопствените наоди за тоа колку е лош овој план. Овие наоди се прецизно наведени во стручниот елаборат за суспензија изработен од Општина Центар, со кој Општината бараше да биде суспендиран овој план и да се изработи нов. Но, елаборатот беше одбиен од Министерството за транспорт и врски со образложение дека не може да се суспендира целиот. Ваквото незаконско постапување го поддржуваат и други институции, како Јавното обвинителство, кое повеќе од една и пол година не одговара на поднесената иницијатива од страна на антикорупциската комисија. Антикорупциската комисија смета дека има низа законски прекршувања во начинот постапката со која е донесен урбанистичкиот план по кој се гради и се издаваат дозволи за овој простор. Но, Обвинителството уште не одговара дали ќе отвори случај“, смета „Шанса за Центар“.

Тие потсетија и дека на петицијата против изградба на висококатници спроти „Холиден ин“ се потпишаа 10 илјади граѓани, чии гласови очигледно ништо не ѝ значат на Општината.

На парцелите спроти „Холидеј ин“ почна да се гради лани во ноември

Инвеститори на оваа, исто како и на првата висококатница, се „МГ фешн“ и Македонската православна црква, кои побараа одобрение за втората зграда во август годинава.

Одобрението за изградба на првата висококатница, која, според најавите, ќе има дваесет ката, го издаде поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, а почна да се гради лани, веднаш по локалните избори.

Изградбата на овие висококатници заеднички ја овозможија Министерството за транспорт и врски и Општина Центар. Министерството за транспорт и врски, кога министер беше Горан Сугарески, на сегашните инвеститори „МГ гешн“ и МПЦ им продаде 9.000 квадратни метри државно земјиште за дооформување на парцелата, па тие станаа сопственици на вкупно 14 илјади квадратни метри. Поранешниот градоначалник на Центар, пак, Богдановиќ, цел мандат најавуваше, но не го смени планот, па остана да важи оној со шеесеткатниците донесен во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Државата троши над 20 милиони евра за нафта и мазут: Мапирани 700 јавни објекти загадувачи низ Македонија

A1on

Шанса за Центар: Како одиме кон „бетонизација“ наместо урбанизација на „Треска“

Ана Ололовска

Шанса за Центар: Над 100 јавни објекти во Скопје се греат на нафта за домаќинство и мазут

Ана Ололовска

Во последните пет години незаконски биле единствено мораториумите за градење, реагираат од Центар по обвинувањата за новата единаесеткатница

Маја Илиевска-Пачемска

Министерот Бочварски далеку од очите на јавноста донесе незаконски и противуставни измени на Правилникот за урбанистичко планирање тврдат независните граѓански иницијативи

Шанса за Центар: Институциите да ги расчистат сомнежите за пожарот кај „Треска“

А1он