Георгиевски: Република Северна Македонија е достоинствено решение

Од:

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, го понуди предлогот „Република Северна Македонија“, кој вели дека е достоинствено решение за надминување на името БЈРМ со што би се деблокирал процесот на евроинтеграција.

Георгиевски е подготвен на ТВ дебати да дискутира дали името Северна Македонија повеќе го загрозува идентитетот на Република Македонија или програмската шема на Сител телевизија и антиквизацијата.

Георгиевски на прес конференција ги повика и опозицијата, која според него не е доволно храбра, и власта, за која рече дека манипулира, да се обединат околу новиот компромис за брзо влегување во НАТО и ЕУ. Вината за ситуацијата ја гледа во ВМРО-ДПМНЕ, кои, како што рече, изборните циклуси ги добиваат играјќи на картата на името. Според Георгивески 100-те дипломатски посети, разговори, лобирања, како и објаснувањето на пресудата во Хаг биле всушност голема борба на власта да влеземе во НАТО и ЕУ со името БЈРМ.

Повика да престанеме толку гордо да го носиме и да се бориме за името БЈРМ. Лидерот на ВМРО Народна ги предупреди Владата и претседателот дека немаат право да се неодговорни за иднината на Република Македонија. Не го интересира реакцијата од како што рече бирото за агитација и пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ, и ги праша дали се свесни во каква каша ја донеле Република Македонија и дали нивната алтернатива наместо НАТО и ЕУ се Индија, Кина или Русија.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија