Генијот Македон од државата доби само слика со министерот, родителите сами ќе го платат неговото образование

Од:

Математичкиот гениј Македон Димитровски им беше интересен за министерот за образование, Јетон Шаќири и претседателот Стево Пендаровски пред неколку месеци кога истите организираа свечени приеми за него ветувајќи му образование за талентирани деца, но од ветувањата на МОН за неговиот напредок нема ништо.

Неговиот татко Владимир Димитровски за „А1он“ Владимир Димитровски рече дека семејството побарало помош од Министерството за образование и наука за да му пружи подобро образование на Македон, но оттаму ги информирале дека нема да можат ништо од ветеното да го исполнат.

– Од МОН не информираа дека не можат ништо од ветеното да исполнат и дека ќе мораме самите да наоѓаме начини за едукација. Не знам како е во соседните земји, но во западните земји децата полагаат соодветен тест и ако го поминат, државата ги превземеа сите обврски за школување на ваквите талентирани деца – истакна Владимир Димитровски додавајќи дека и по реакциите на социјалните мрежи до денеска никој не го контактирал од МОН.

Пред неколку месеци кога семејството било повикано на прием кај министерот Шаќири и дочекано со сите почести, фотографирања и подароци, им било ветено дека ќе се среќаваат еднаш месечно со претставници на МОН за да се види како напредува Македон.

Министерот им ветил дека ќе стапи во контакт со сите големи амбасади за да им помогнат во едукацијата на Македон и дека ќе се формира комисија што ќе направи програма за талентирани деца.

– Ни рекоа дека МОН има потенцијални спонзори кои сакаат да останат анонимни да го финансираат образованието на Македон. И сега ни кажаа дека од тоа што го ветиле нема ништо. Амбасадите биле незаинтересирани, а државата не можела да инвестира во ваков тип на образование. Со еден збор добивме големо ништо. Што треба едно дете со таков коефициент на интелигенција и со такви успеси да направи за да добие поддршка од државата? – праша татко му на Македон.

Од МОН за „А1он“, наместо одговори за ситуацијата со Македон и дали е контактиран Македон, испратија соопштение во кое државата се фали дека за учениците со натпросечна интелигенција следуваат бенефиции како што се еднократни месечни надоместоци.

„МОН доделува и еднократен паричен надомест за ученици кои ќе освојат прво место на државен натпревар по било кој предмет организиран од акредитирано здружение на наставници ( износот е 50% од просечната нето плата во земјата), како и еднократни парични надоместоци за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар по математика, информатика и природни науки (100%, 80% односно 60% од просечната нето плата во земјата, зависно од освоеното место). Исто така, се доделува и месечен паричен надомест за освоен медал на меѓународна научна олимпијада (12 месеци во годината по 12.000 денари за освоен златен медал, 10.000 за сребрен и 8.000 денари за бронзен медал)“, рекоа од МОН.

Димитровски рече дека со сопругата и понатаму ќе се обидуваат да му овозможат соодветно образование, но на сопствен трошок затоа што друго не им преостанува.

– Секако дека ќе гледаме да му овозможиме на Македон соодветно образование со ангажирање на приватни професори и курсеви од разни области за кои ќе покаже интерес. Друго и не ни преостанува – дополни Владимир Димитровски.

Би можело да ве интересира

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов