ГДУ: Манчевски ги мотивира административците да не работат

Од:

Наместо министерот Дамјан Манчевски да излезе со конкретни предлози како да се мотивираат вработените да си ја заработат платата, а граѓаните да добијат подобри услуги, тој излезе со„генијално“ решение. Замислете на кој не му се одело на работа да си седи дома и да си зема социјална помош, која впрочем е приближно колку минималната плата. Министерот ги мотивира административците да не работат, велат од Граѓанско демократската унија преку соопштение.

„Министре, со оглед на тоа што вие и вашиот колега Хазби Лика, не успеавте да го решите проблемот со околу 1000 административци по Рамковен, кои со години земаат пари од македонскиот буџет, а седат дома како да се социјалци, не сме премногу зачудени од вашиот предлог. Но веруваме дека барем пред да заигра метлата и во моменти кога Брисел не оценува, барем малку ќе се потрудите да најдете начин за подобрување на работите.

Се понадевавме дека ви стана јасно оти со роднини во администрација – нема реформи, па помисливме дека ќе почнете од оние кои дозволиле такви вработувања. Да ги мотивирате раководителите да се борат против непотизмот и партизацијата. Очекувавме да кажете што донесоа вашите Стратегии и акциски планови кои ги промовиравте, кои се промените aкo се направени. Како ги измеривте?

Или пак министре Манчевски се откажавте од вашите грандиозни стратегии, па решивте да ја средите администрацијата со „генијални“ решенија?“, се вели во соопштението на ГДУ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он