Гаши: Ако не биде изгласан нашиот кандидат за член на ДИК, ќе го бојкотираме Собранието

Од:

Претседателот и пратеник на Алтернатива, Африм Гаши денеска на прес-конференција истакна дека ќе го бојкотираат работењето на Собранието доколку до 31 декември не биде изгласан нивниот кандидат за член на Државната изборна комисија Абдуш Демири.

Ова Гаши го кажа по објавената едночасовна пауза на седницата на Комисијата за прашања на именувањата и избори беше од претседателката на Комисијата Марија Георгиевска по тензичната атмосфера во салата откако пратеничката на албанската опозициска коалиција Сафије Садики Шаини побара да не биде изгласан предлогот за член на ДИК Зулфи Адили поддржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа, кој беше одбиен од членовите на партиите од власта.

-Доколку до 31 декември не биде изгласан нашиот кандидат за член во ДИК ќе го бојкотираме Собранието. Најпрвин нема да учествуваме во работата на Собранието, нема да присуствуваме ниту на седниците на комисиите ниту на ѐпленумоти ќе алармираме и кај граѓаните и кај меѓународниот фактор. После 31 декември освен бојкот на Собранието, ќе ги преземеме сите демократски мерки нашето право да дојде на свое место – да го имаме нашиот член во ДИК. Ќе ги објавиме нашите планови и мерки што нема да се исполни условот до 31 декември, рече Гаши.

Кога е јасен законот, потенцира Гаши, не можете се да терате на сила, затоа што, како што рече, имате еден глас повеќе во Комисијата за именувања и избори.

-Продолжува циркузот и маскарадата на манипулација за одземање на правото на албанската опозиција да има свој член во ДИК. Оваа наше право одредено со закони ова никој не може да ни го одземе. Мене ми е жал што претседателот на Собранието заедно со претседателката на Комисијата за именувања и избори сакаат да го манипулираат процесот. Што се случува?, праша Гаши.

Наместо претседателот на Собранието да поднесе барање и писмо до опозициските партии на Албанците, наведе Гаши, праќаат писмо и до една новоформирана партија што е незаконски, затоа што Изборниот законик каде се повикува на политички партии, се повикува на политички партии кои учествувале на последните парламентарни избори. Дотолку што таа партија го предложила за член на ДИК да биде членот од Алијансата за Албанците Зулфи Адили. Сите знаат дека тој е член на Алијансата за Албанците, со тоа што тие сакаат двата предлога да одат на пленарна седница, па како мнозинство како што мајоризираат се и сакаат се на гласови да истераат кршејќи закон, сакаат изборниот состав како што е сега четири – два во полза на опозицијата, сакаат уште еден член на опозицијата да додаваат и да биде пет-два. А, албанската опозиција воопшто да се елиминира од процесот на изборите, рече тој.

Гаши нагласи дека доколку немаат член во ДИК ќе им бидат ускратени сите права и рече дека таа битка ќе биде далеку несоодветна и нерамноправна.

-Нема да дозволиме ДИК да се состави незаконски и да продолжи со својата работа, затоа што ние нема да учествуваме во тие избори. Се ќе направиме за да не се случи изборен процес во државата, ако се ускрати ова наше право, рече Гаши.

Би можело да ве интересира

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

Димитриевски: Ќе го поддржиме Гаши за претседател на Собранието

Катерина Ѓуровски

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино

Во ИЕ 6 ДУИ изгуби, а „Вреди“ доби еден мандат

Во ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со повеќе гласови од 8 мај, а СДСМ и „Вреди“ со помалку – нема промени во мандати

Горан Наумовски