„Гардијан“: Македонците се најсиромашни во Европа, статуата на Александар Велики го комплицира спорот со името

Од:

Интернет изданието на Гардијан, објави анализа за влијанието на проектот „Скопје 2014“ врз усложнувањето на спорот со името, нарекувајќи го „ најнепожелниот спор на Западот“.

На восочната фигура на Александар Велики и’ е дадено почесно место во македонскиот музеј што е најновиот пример на симболичното добивање поени во спорот со името, анализира влијателниот британски весник.

„Љубовната врска на Никола Груевски со спомениците започна со Александар Велики. Во 2011 година, на големо чудење на Грција, македонскиот премиер ја изгради најголемата скулптура во светот на кралот воин и ја постави на централниот плоштад во Скопје. Сега, откако го посипа главниот град со грандиозни мостови, гаргатуанска триумфална капија, концертни сали, театри, нови владини згради и големи и мали уметнички дела, премиерот направи уште еден чекор понатаму.

Играта ја претвори во она што стана еден од, веројатно, најнепожелните спорови на Запад. Груевски наложи на восочните фигури на Александар, неговиот татко, Филип II Македонски, и на неговата мајка, Олимпија, да им се даде почесно место во новиот археолошки музеј. „Сите овие експонати … се од непроценлива вредност за нашата земја и претставуваат дел од нашето културно наследство“, рече Груевски, отворајќи го музејот минатиот месец.

Изградена во новоантички стил, монументалната градба е најновата во низата контроверзни дела со кои се трансформираше лицето на градот , што дури и стандардите на комунистичката ера на поранешна Југославија – славно избледеа. Груевски тврди дека ова преуредување – кое е меѓу најамбициозните во Европа и чини 500 милиони евра ќе помогне да се крене духот на неговите сонародници. Со речиси 30 проценти од нацијата кои се невработени, а повеќе од една третина живее под линијата на сиромаштијата, Македонците се меѓу најсиромашните луѓе во Европа.

Меѓутоа, официјалните лица не негираат дека изградбата на проектот има и друга цел: да се освојат поени во долготрајната битка околу името Македонија. Грците долго време тврдат дека желбата на нивниот сосед е, преку именувањата и употребата на симболите поврзани со неа, да се имплицираат територијални амбиции кон соседната провинција Македонија.

Во 23-те години откако континентална држава прогласи независност, Александар Велики доминираше со спорот. Атина вели дека генералот со грчко потекло е непобитен доказ за хеленското потекло на Македонија; Скопје вели дека тој е составен дел на локалниот идентитет, како лидер на една империја која е инкорпорирани во регионот и продолжува до Индија.

Тактиката на Груевски е слична на онаа на грчките археолози кои во северниот дел на Амфиполис во провинцијата Македонија бараа гробница, за која, некои веруваат, дека е на еден од роднините на Александар – тоа ги распалува страстите на двете страни на границата. И самите Македонци се согласуваат дека оваа шема, не само што потсетува на мегаломанија, туку го претвори Скопје во мини Лас Вегас.

„Не гледам зошто Грците треба да се навредени. Ние сме навредени”, вели Сашо Орданоски, политички аналитичар и отворен критичар на отворено националистичката политика на Груевски.

„Скопје стана главен град на кичот во Европа во архитектонска и политичка смисла. Целата работа смрди на лош вкус и е голема финансиска катастрофа. Ние ја делиме истата територијата на историската империја на Александар Велики и имаме изградено највисок споменик на Александар во светот. Ако ништо друго, Атина треба да биде задоволна“.

Во Атина, политичарите неофицијално велат дека времето е зрело да се реши спорот. А компромисното решение „Горна Македонија” е меѓу оние за кои се верува дека биле предложени од страна на грчките власти. ОН соопшти дека преговарачите од двете држави ќе се сретнат во Њујорк во среда за нова рунда преговори. Но, нема знаци за добри резултати. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, изјави пред разговорите: „Сега сме подалеку од решението, отколку што бевме пред неколку години“, пишува Гардијан.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски