А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Габриел: Германија стои зад пораките на Могерини, Иванов да ја исправи одлуката

by А1он03/03/2017 - 12:2903/03/2017 - 12:31151
Share0

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел за време на посетата на Украина денеска ги коментираше состојбите во Македонија.

Добивај вести на вибер

– Влошувањето на внатрешната политичка ситуација во поранешната југословенска Република Македонија е многу вознемирувачко. Внатрешната политичка стагнација се заканува да ја врати земјата назад по патот кон Европската Унија, се вели во изјавата на Габриел што ја објави германското МНР, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Според Габриел, „претседателот Иванов и покрај тоа што лидерот на опозицијата ги собрал потребните потписи за создавање ново парламентарно мнозинство одбил да го даде мандатот за нова влада. Тоа е спротивно на демократските принципи и европските вредности на кои што се обврза земјата. Претседателот Иванов треба повторно да размисли за оваа одлука и да ја исправи во интерес на граѓаните на неговата земја“, се вели во изјавата на Габриел кој е лидер на германските социјалдемократи.

– Германија стои зад јасните пораки испратени вчера во Скопје од Високиот претставник на ЕУ Федерика Могерини, до политичките фактори и претставниците на македонското граѓанско општество, порачува шефот на германската дипломатија.

Габриел ги повикува сите политички фактори во Скопје да делуваат одговорно во актуелната вжештена внатрешна политичка клима, да имаат умерена реторика и да сторат се што можат за да спречат конфликти меѓу граѓаните.

Според него, Германија силно го поддржува приближувањето на земјата во ЕУ и жали за фактот што нерешеното прашање за името со години го загрозува прогресот на Македонија кон ЕУ. Ваквиот развој на настаните, според Габриел, придонесол за влошување на ситуацијата и затоа мора да има брзи чекори за решавање на ова прашање.

ivanovmandat

Би можело да ве интересира

Мицкоски мандатар за состав на влада

Анита Петровска Рајковиќ06/06/2024 - 12:24

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски15/12/2023 - 16:4415/12/2023 - 16:44

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ10/10/2023 - 11:4710/10/2023 - 14:31

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска18/12/2020 - 13:36

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска18/12/2020 - 11:07

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски26/11/2020 - 15:2626/11/2020 - 15:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен