ФЗОМ со најголем буџет досега од 26,9 милијарди денари

Од:

Фондот за здравствено осигурување на Македонија 2017 година ја почнува со историски најголемиот буџет на институцијата во висина од 26 милијарди и 947 милиони денари. Овој буџет е за милијарда и 370 милиони денари повисок од буџетот на почетокот на 2016 година, односно зголемување за 5,4 отсто, истакна денеска на прес-конференција директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски.

Посочи дека буџетот од околу 27 милијарди денари е повеќе од двојно повисок во споредба со 2000 година кога е формиран Фондот и кога изнесувал 12,5 милијарди денари.

Фондот за здравствено осигурување, нагласи, продолжи со праксата на транспарентна распределба на буџетот, и поради тоа во последните два месеци одржавме преговори со сите јавни здравствени установи и методолошки го распределивме буџетот за 2017 година.

– Фондот за прераспределбата на буџетот користеше повеќе параметри а тоа се: анализите за реализација на буџетите во претходната 2016 година, податоците од преговорите со здравствените установи, планот за видот и обемот на здравствени услуги, новите методи и нови здравствени услуги за 2017 година кои ЈЗУ ги предлагаат и одржливоста на јавните здравствени установи, рече Стефаноски.

Потенцира дека од буџетот за 2017 година, за здравствени услуги се одвоени 23.477.527 денари, за надоместоци за породилно и боледувања 2.900.000 денари, а за административни расходи на ФЗОМ 569.527 денари. 

– Процентуално поделбата на буџетот за 2017 година е следнава: ЈЗУ ќе добијат 53,14 отсто од буџетот на ФЗО, ПЗУ ќе добијат 30,57 отсто, надоместоци за породилно и болест 10,76 отсто, ортопедски помагала 1,67 отсто, лекување во странство 1,48 отсто, за функционирање на Фондот (капитални инвестиции и софтвер) 2,11 отсто, истакна Стефаноски.

Посочи дека во рамки на зголемувањето на буџетот за 2017 година од 1 милијарда и 370 милиони денари во однос на почетниот буџет од 2016 година, 1 милијарда и 50 милиони денари претставува зголемување за здравствени услуги, а додека за 325 милиони денари се зголемени надоместоците за породилно и боледувања. И годинава, појасни, очекуваме трендот на зголемен број на породилни отсуства да продолжи, а финансиски во средствата за навремената исплата на породилни отсуства влијае и зголемувањето на времетраењето на исплатата на породилното отсуство за близнаци од 12 на 15 месеци.

– Од здравствените услуги во споредба со 2016 година, најголемо е зголемувањето кај ЈЗУ односно 566 милиони денари или раст за 4,1 отсто во кое е вкалкулиурано зголемувањето на крајот на 2016 година. Кај ПЗУ, зголемување за 160 милиони поради зголемената капитација кај матичните лекари и стоматолози. За лекови на рецепт по зголемувањето од 80 милиони во текот на 2016 година, предвидени се дополнителни 200 милиони денари и за дијализа предвидени се дополнителни 50 милиони денари, рече Стефаноски.

Истакна дека во последните две години буџетите на јавните здравствени установи се зголемени за речиси 1 милијарда и 500 милиони денари, од кои во 2016 година се зголемени за 973 милиони денари, а во 2017 обезбедиле нови дополнителни 458 милиони денари.

Зголемувањето на буџетот до милијарда и 370 милиони денари (919 милиони денари), потенцира, се прераспределува за повеќе лекови на рецепт и поголема достапност на лекови по аптеките, како и обезбедени средства за матичните лекари и стоматолози за зголемената вредност на капитацијата, надоместоци за породилни отсуства, ин витро и лекување во странство.

Би можело да ве интересира

Докторите во мали места ќе може да работат без медицински сестри

А1он

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година