Поранешниот амбасадор на ЕУ во земјава, Ерван Фуере на фејсбук страната на Асоцијацијата на архитекти на Македонија без дипломатски ракавици, директно го критикува проектот „Скопје 2014“.
„Зошто актуелната Влада во Македонија продолжува со својата политика на ограничување на јавниот простор во центарот на градот, го намалува слободниот проток на пешаци (да не зборуваме за идеи) со структури и статуи со големина која може да се смета како неприфатлива дури во Истанбул или Њујорк и сето ова без оглед или почитување на ставовите на оние кои се најмногу погодени, а тоа се, граѓаните на Скопје?
Зошто не се консултирани, како што би било тоа случај во секој нормален главен град за едно такво големо, интензивно и непродуктивно лудило кое се развива“, прашува Фуере.