Поранешен шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија и специјален претставник на Европската унија и поранешен амбасадор, Ерван Фуере на својот Фејсбук профил им даде поддршка на граѓаните на Македонија кои протестираат пред владата.
„Нема камена палата, со колку дебели ѕидови да е, која ќе ги заштити оние кои се кријат во неа, кои ги изгубиле кредибилитетот и легитимитетот да останат во владата, од волјата на народот. Сега е времето за промена.
Младите луѓе во Македонија протестираат против полициската бруталност!
По објавувањето на новите снимки од разговорите меѓу министерот за внатрешни работи Јанкуловска, премиерот Никола Груевски и Мијалков-директор на Агенцијата за безбедност и контраразузнавање, кои се обидуваат да го заштитат Игор Спасов, припадник на специјалните полициски сили тигри, убиецот на 22-годишна возраст Мартин Нешковски.
Младиот Нешковски беше претепан до смрт, додека ВМРО-ДПМНЕ (владејачката партија) ја славеше својата изборна победа во јуни 2011 година.
Монструозниот план кој се слушна на снимките, кои бра објавени од страна на опозициониот СДСМ денеска, ги потврдија морничавите сомневањата на луѓето.
Еден од полицајците ја тргна оградата, ја соблече својата униформа и се придружи на демонстрантите!
Македонија се буди !!“, напиша Фуере.