Фуере: ЕУ не треба да ги потценува заканите од Бугарија кон С. Македонија

Од:

Поранешниот амбасадор на ЕУ во Северна Македонија, Ерван Фуере, во изјава за МИА вели дека заканите за блокирање на преговарачкиот процес со ЕУ од страна на Бугарија треба да ја загрижи Европската Унија.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел по објавувањето на извештајот за реформскиот напредок на Северна Македонија и другите земји од регионот, поранешниот ЕУ амбасадор се осврнува на најавите за можна блокада од Бугарија и предупредува дека тие можат да го загрозат регионот.

– Ова прашање е многу загрижувачко затоа што покажува дека некои земји членки го користат членството во ЕУ за да наметнат националистичка агенда, ова е нешто што ЕУ не смее да го потцени, ниту земјите членки ниту институциите на ЕУ, ова е многу сериозен проблем, кој сме го виделе и во минатото со Словенија и Хрватска и покажува колкава е тежината на историјата на западниот Балкан, вели Фуере.

Тој се надева дека билатералните разлики помеѓу Скопје и Софија за идентитетските прашања нема да се дозволи да го попречат процесот на интеграција на Северна Македонија која со години веќе чека отворање на вратите за преговори со ЕУ. За Фуере би било добро да се изјасни и специјалниот претставник за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, назначен пред неколку месеци од страна на шефот на европската дипломатија Жосеп Борел, за дијалогот Белград – Приштина, но и за други регионални спорови.

– Би било добро специјалниот претставник за дијалогот Белград – Приштина и за Западен Балкан да се занимава со овие прашање во даден момент, инаку постои опасност да се попречи пристапниот процес и да се зголеми националистичкото чувство во време кога треба да се промовира помирување во земјата и во регионот. Јас не би ја потценувал загриженоста што ја предизвикува ова прашање, коментира Ерван Фуере во изјавата за МИА.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати