Фуере ја поддржува Македонија во текст за влијателен бриселски тинк-тенк: Историјата и идентитетот мора да останат надвор од процесот

Од:

Центарот за европски политички студии, еден од највлијателните тинк тенкови во Брисел, објавува анализа на бугарско-македонскиот спор во контекст на ЕУ интеграцијата на Македонија, во која се предупредува дека вовлекувањето на идентитетските прашања „може скапо да ја чини ЕУ“.

Анализата ја напиша поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, кој повремено соработува со ЦЕПС, каде се посветува во голем дел на Западниот Балкан и ЕУ.

Во пресрет на Советот за општи работи на Унијата на крајот на јуни, на кој Македонија е во очекување дали ќе се надмине ветото на Бугарија и ќе започнат преговорите со ЕУ, ЦЕПС пишува дека Бугарија на земјите членки на ЕУ им презентира еднострана верзија на историјата за време и по Втората светска војна, „верзија која ја наведе Софија да бара од Северна Македонија признавање на „бугарски корени“ и јазик“.

Фуере, како Ирец, во својата анализа влече паралела со Ирска и Обединетото Кралство и истакнува дека доколку се следеа историските аргументи во времето на интегрирањето на овие земји во ЕУ, тие немаше никогаш да станат членки и додава дека историските дебати не можат да се решат за една или две, па ни за десет години.

-Од причини кои се чини повеќе се поврзани за домашната политика, бугарските политички партии одлучија дека сега е најдобро време да ја туркаат нивната верзија на историјата дури и на штета на нивниот најблизок сосед. Тие воедно ја држат политиката на проширување на ЕУ во заложништво, пишува Фуере во студијата на ЦЕПС.

И додава дека со ова Софија исто така ги поткопува принципите и условите за зачленување во ЕУ.

Но, поранешниот евроамбасадор во Македонија упатува критики и до другите земји членки на ЕУ, за кои смета дека вложиле недоволно напор за да ја разубедат бугарската страна.

-Со техничка влада сега во Бугарија и со нови избори закажани за 11 јули се чини дека има многу малку надеж за напредок на време за состанокот на Европскиот Совет на 22 јуни, предупредува Фуере.

За него предлозите за одвојување од Албанија, како што сугерираше еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, но кои набргу беа отфрлени од страна на шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, претставуваат неконзистентност и двосмисленост во пристапот на ЕУ.

-Она што посебно загрижува е дека ако нема напредок и Бугарија го задржи своето вето, автоматски бугарската позиција станува ЕУ позиција, создавајќи дури полош преседан од оној со спорот за името помеѓу Грција и Северна Македонија, алармира Фуере.

Имено, во случајот со Преспанскиот договор промената на името се правеше во замена за отворање на вратите на ЕУ, додека бугарското вето ја уништува оваа надеж, порачува ЦЕПС во својата анализа.

-Ова е дотолку повеќе причина за восхит пред македонскиот народ кој, и покрај постојаните неисполнети ветувања од страна на ЕУ, продолжува да покажува поддршка за членство во ЕУ. Многу млади луѓе меѓутоа веќе ја напуштија државата за да си ја бараат среќата на друго место. Над 120 илјади Македонци добија бугарски пасоши кои им овозможуваат да патуваат и бараат работа во ЕУ, пишува поранешниот евроамбасадор.

Брзи решенија не се доволни, она што треба ЕУ да го направи, смета ЦЕПС, е солиден и сеопфатен дипломатски напор во соработка со други меѓународни организации како Советот на Европа и ОБСЕ. ЕУ, вели поранешниот амбасадор, треба исто така да се сврти кон својата институционална меморија и да ги разгледа другите применети постконфликтни решенија на други места, како Северна Ирска.

-Најважна од сѐ е потребата да се осигура дека процесот на зачленување во ЕУ ќе остане слободен од секакви историски лекции и прашања поврзани за идентитетот. Дијалог, а не вето, пишува Ерван Фуере.

Сѐ зависи од политичката волја, вели тој – блокадите ништо нема да решат, туку ќе ги хранат етнонационалистичките струи.

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска