Фуере: Во Македонија се чувстува слобода и отвореност

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Ерван Фуере, поранешниот амбасадор на ЕУ во Република Македонија.

– Се чувствува слобода и отвореност кај граѓаните, поинаква, позитивна клима во државата, по демократските промени. Сега треба само да се продолжи процесот што води до перспективи на Република Македонија и на луѓето кои живеат тука, рече поранешниот евроамбасадор Фуере.

Тој пренесе дека во Брисел постои охрабрување дека премиерот Заев и новата Влада ја поставија Македонија на европскиот пат. Ги поддржа реформите на коишто интензивно работи Владата и нагласи дека е важно да се земат предвид оценките од последниот извештај на експертската група предводена од Рајнхард Прибе, посебно во делот на реформите што треба да обезбедат функционална правна држава.

– Посветено работиме на реформите што треба да донесат квалитетен живот за граѓаните и да придонесат во евро-атлантските интеграции. Дел од нив се и реформите во судството. Покажавме дека сме различни и дека нашата цел е да обезбедиме независно правосудство низ транспарентни одлуки во коишто главниот збор го има независната експертска јавност. Но, како Влада цврсто сме определени кон функционирање на правдата. Законите мора да важат и ќе важат подеднакво за сите, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, додаде дека Владата уште во првите 100 дена успеа да изгради доверба меѓу граѓаните и во јавноста, низ инклузивни политики низ коишто и во иднина ќе се решаваат сите важни прашања за Република Македонија. Исто така, низ пријателскиот пристап, покажа дека е можно да се интензивираат добрососедските односи и да се насочат кон заедничките интереси, а тоа е обезбедување евро-атлантска иднина на регионот во интерес на сите граѓани. ‘

– Од тие причини, очекуваме на есен да биде тргната условеноста на препораката на Република Македонија за членство во ЕУ, а во скоро време и отпочнување преговори за членство, рече премиерот Заев.

На средбата беше разговарано и за други прашања од интерес на граѓаните на Македонија. Посебно внимание е посветено на плановите за заштита на животната средина како важен фактор во заштитата на здравјето на граѓаните.

Поранешниот амбасадор Фуере рече дека ќе продолжи да ги поддржува политиките што носат развој на Македонија. Претседателот на Владата, Заев, во име на граѓаните на Македонија, на Владата и во негово име, се заблагодари на поранешниот амбасадор на ЕУ во земјава, за неговиот голем придонес во демократските процеси во Република Македонија, како и за грижата, љубовта и пријателството што ги покажува и негува и денес кон луѓето во државава и кон Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?