Фудбалски судија од Драслајца натепан во Кравари

Од:

Она што требало да биде празничен фудбалски натпревар во битолското село Кравари, се претворило во тепачка во која настрадал 41-годишниот главен судија судија на мечот од струшко Драслајца.

Судијата А.С. вчера во 18.00 часот во полициското одделение во селото Велушница пријавил дека околу 15.45 часот во Кравари, на фудбалски натпревар, бил физички нападнат од А.Р.(25) од Битола, Ј.Ќ.(23) и А.М.(32), двајцата од ресенското село Грнчари.

Во исто време, друг наводно оштетен, Ј.Ќ., пријавил дека додека бил во прекин фудбалскиот натпревар во Кравари, бил физички нападнат од Г.Л.(43) од Струга, помошникот на главниот судија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов