Фудбалерите пречекани во Тирана со милион евра, црвен тепих и автобус на ЈСП

Од:

Репрезентацијата на Албанија свечено беше дочекана на аеродромот во Тирана со црвен теппих, по враќањето од Европското првенство во Франција.

Премиерот Еди Рама ги дочека фудбалерите на аеродромот, пред да се качат во отворениот автобус на ЈСП.

Според “Лајмпрес“, амбасадорот на Aлбанија во Скопје, Фатос Река, испратил писмо со благодарност до градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, во кое му се заблагодарил поради позајмениот автобус за пречек на фудбалерите од првенството.

Играчите на репрезентацијата ќе ги добијат и симболично клучевите на Тирана и пријави за дипломатски пасоши, за да се истакне нивната улога како амбасадори на Албанија.

Илјадници луѓе ја дочекаа репрезентацијата по многу топло време во Тирана, а улиците беа украсени со државните знамиња.

Албанија за прв пат учествуваше на Европско првенство, каде во групата А се пласираше на третото место со три бодови,откако во последниот меч ја порази Романија.

Албанската влада ги награди фудбалерите и стручниот штаб со еден милион евра.

Би можело да ве интересира

Хрватска „на мускули“ победи со аутсајдерот Грузија во првото коло од ЕП 2026

А1он

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама, има повредени

Горан Наумовски

Македонец баран со меѓународна потреница уапсен во Тирана

Катерина Ѓуровски

Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана