ФСП: Преговорите на Груевски со Ахмети „Де Факто“ соучество во редефинирањето на Македонија!

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти најостро реагира на начинот и пристапот со кој врхушката се обидува да формира Влада со партиите од т.н. албански блок. Водење на преговори зад затворени врати со веќе проверената и докажана терористичко-екстстремистичка ДУИ, (алијас ОНА), е изигрување на довербата дадена од страна на Македонскиот народ.
Најостро го осудуваме и начинот на „размислување“ на Извршниот и Централниот комитет на Партијата кои место да се залагаат за дијалог и дебата во партиските тела и органи, беспоговорно и од евтина слепа послушност му доверија задача на „неприкосновениот и незаменливиот“ да формира постизборна коалиција со единствена цел спас од злоделата кои ги имаат правено и од одговорност пред надлежните органи.

Форумот не може, и не сака да прифати Влада по секоја цена со уценувачи и политички структури кои свесно излегоа со нивна платформа за рушење на уставниот поредок на Државата и унитарниот карактер на Македонија.

Истовремено, Форумот бара, конечно, Груевски да излезе јавно и да каже што е договарано на тајните состаноци со ДУИ при формирањето на нивните досегашни Влади. Ова е неопходно бидејќи вмровското членство, без исклучок, беше излажано и изневерено по добиените 63 пратеника на едни од изборите.

Форумот предупредува дека секаков обид за коалиција со ДУИ како еден од потоисниците на “Албанската Пларформа” во која се содржат анти државни, анти Македонски, иридентистички и сецесионистички барања и ултиматуми ќе биде чин на велепредавство на Македонските национални интереси и од таа гледна точка ги смета преговорите на Груевски со Ахмети “Де Факто” соучество во редефинирањето на Македонија!

Форумот најжестоко реагира и на молчењето на институциите и на партијата по повод изјавата на амбасадорот на Р.Албанија, во која нас, Макеонците не нарече славомакедонци. Понекогаш личните интереси треба да се заборават и да се постапува државнички и во одбрана на Македонските национални интереси!

Форумот стои на истиот став за неотповиклива оставка на лидерската позиција на Груевски и избор на привремено раководство кое ќе ги изврши подготовките за избор на делегати и свикување на вонреден Конгрес со единствена точка на дневен ред ИЗБОР НА НОВ ЛИДЕР НА ВМРО ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ФСП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ