А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Загриженост од постапувањето на СЈО за случајот „Шпион“

by А1он06/09/2016 - 08:4906/09/2016 - 14:36174
Share0

„ФРОДЕМ изразува загриженост од постапувањето на Специјалното јавно обвинителство во случајот „Шпион“. СЈО согласно законот требаше да изнесе и предложи нови факти и околности поврзани со прислушуваните разговори со кои ќе побара овој монтиран случај да се врати на повторно судење пред првостепениот суд. За жал, тоа не го стори. Оваа процедурална обврска ја имаше и дотолку повеќе поради екстрадицијата на еден од обвинетите. Неможноста на обвинет во повторена постапка, преку нови факти и докази, да докажува своја невиност е состојба која сериозно го засега и загрижува секој граѓанин.

Добивај вести на вибер

ФРОДЕМ очекува од Специјалното јавно обвинителство да биде орган кој го гони криминалот поврзан со прислушувањето, но особено како орган кој треба да исправи неправди во политички монтирани случаи. СЈО најави дека храбро ќе се зафати со оваа чувствителна јавна цел и затоа докрај треба да биде доследно, правично и објективно.  Калкулациите се дозволени во политиката, на берзата, но никогаш кога станува збор за правда, владеење на право и човечки судбини. Доколку продолжи да постапува на овој начин ФРОДЕМ целосно ќе ја повлече поддршката.

Одредени режимските мегафони се обидоа да направат гротескна споредба на казните во случајот „Шпион“ со наводните казни на некакви „нивни“ градоначалници. ФРОДЕМ порачува дека трепението во однос на искажани пропагандни глупости и криминални споредби истекува. Особено кога станува збор за случај во кој има тригодишни притвори. ФРОДЕМ не може да разбере како било кој нормален може да критикува предлози за намалување на казни. Овој нецивилизиран чин е опасен показател дека во Македонија е допрено „дното на дното“. Целта, по секоја цена да се критикува СЈО, може само да води кон деформирање на неговата работа, а на штета на правдата и јавниот интерес. Затоа фактите нека зборуваат, а политиката нека молчи.

ФРОДЕМ очекува од Апелациониот суд Скопје да биде на исто професионално ниво како и за време на судењето и низ исправно постапување по овој предмет да ја врати вербата во правдата и значително да го подигне паднатиот углед на судството.

Правниот комитет на ФРОДЕМ ги разгледува правните и процедуралните аспекти на случајот и постапувањето по него и наскоро дополнително ќе се произнесе“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

frodemsjo

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов28/01/2022 - 10:0529/01/2022 - 10:29

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска20/07/2021 - 11:39

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов14/07/2021 - 12:0114/07/2021 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен