Фридом Хаус Состојбата со медиумите во Македонија е поразителна

Од:

Карин Карликер, директорка на проекти за слободата на медиумите при Фридом хаус, во кусиот разговор за Гласот на Америка претстави поразителена слика за состојбата со медиумите во Македонија, според денеска објавениот глобален извештај на организацијата.

Таа регистрира натамошно влошување на ситуацијата во 2012-та:  „Македонија сега им 56 поени на скалата од 0 до 100 и во моментов е рангирана како една од најлошите земји на Балканот“.

Колку може да опстои независното новинарство во актуелната клима во Македонија?

Карликер коментира:  „Генерално, политичката состојба е мошне поларизирана и тоа се одразува на медиумите.  Во тој контекст, просторот за балансирано известување дефинитивно се скуси со затворањето на многу независни и опозициони медиуми.  Има мал простор, но и тој дефинитивно се затвора.  Во Македонија станува потешко за независните новинари да си ја вршат работата и тоа посекако не` загрижува“.

Бидејќи извештајот ги опфаќа само настаните од 2012-та, не бил разгледана истрагата за загинувањето на новинарот Никола Младенов, но Карликер наведува дека Фридом хаус генерално е загрижена за начинот на кој властите постапуваат во такви случаи.

Каков закон за медиуми и` треба на Македонија, со оглед дека нема заеднички јазик меѓу новинарите и владата?

Карликер вели:  „Ние заговараме подобрена саморегулирачка средина во која проблемите кои политичарите и другите ги имаат со новинарското известување би можеле попрво да се разрешат од медиумски совет, саморегулирачко тело или арбитража, отколку со закон за клевета со високи казни“.

Јане Бојаџиевски, за Гласот на Америка на македонски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март