Вода, мирис на мувла, целосна темница, сронети ѕидови, вака изгледа денеска Катната гаража кај Судска палата.
И тоа само година и половина по свеченото сечење ленти и сликање на премиерот, министерот за финансии и екс градоначалникот на Центар.
Церемонијата се случуваше пред локалните избори и гаражата како да беше пуштена наменски за предизборни цели.
5 милиони и 635 илјади евра, колку што за ова здание даде претходната општинска власт, полека се „топат“ во водата. И се е поради лоша изведба.
Сликата која екипата на А1он ја регистрираше денеска е како во хорор филмовите. Струјата е исклучена бидејќи во просторијата со електрична инсталација има вода.
Најдолното ниво во катната гаража и простириите на административниот трак се поплавени.
Во просториите се надвиснати плафоњерки во џебови, кои секој момент може да паднат. Во административниот дел ѕидовите се ронат, секаде се грди „пејсажи“ од мувла.
Водата се слева по конструкцијата на објектот поради лошо изведениот рамен покрив. Плочките со кои е покриена кровната тераса се денивелирани, а во друг дел одлепени.
Сите лица кои во општина Центар биле задолжени за овој објект, исто како и за Колонадата која е започната од порано и спомениците од проектот „Скопје 2014“, сега не работат во општината. Ова дополнително го зголемува решавањето на проблемите.
Т.Ц.