Невремето пропратено со силен ветер кое го зафати и Скопје во попладневните часови, урна покрив на зграда во скопската населба Ченто.
Според станарите, штетата е голема, но среќа е што никој не бил повреден од деловите на покривот кои се разлетале на сите страни.
Станарите велат дека поради уништувањето на покривот сега протекува вода по становите, а има опасност да ја зафати и електричната инсталација.