Пред празник, во раните утрински часови во Скопје „никнаа“ пет нови споменици.
Поставени се во близина на меѓу судовите и Универзитетската библиотека и кај хотел „Континентал“.
Споменикот на генерал Михајло Апостолски се наоѓа на кружниот тек кај хотел „Континентал“, а споменикот на Никола Русински е поставен на аголот меѓу Универзитетска библиотека и МОБ.
На аголот кон Судска палата е споменикот на Пере Тошев, кај Универзитетскиот комплекс е Ѓорѓи Сугарев, а спроти Судот е споменикот на Андон Ќосето. Новите пет споменици и нивното поставување се на сметка на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин од Скопје, а за одржувањето ќе се грижи Град Скопје.
Претседателот на Здружението Ташко Јованов, се уште не одговори од каде здружението собрало толку средства за петте споменици. Здружението редовно добива тендери од Градот Скопје но и донации од Владата за разни проекти.