Недела во Шуто Оризари. Граѓани од цело Скопје и цела Македонија дошле во потрага по поевтина стока.
Храна и облека изложени на улица, цените, велат купувачите, се исти како на Зелено пазарче и Бит Пазар. Цвета бизнисот со паркиралиштата.
Секој си оградил сопатвен пазар и доколку сакате колата да не ви ја оштетат ќе си платите 50 денари, без разлика дали ќе ја оставите 1 час или повеќе.
Времето како да застанало во Шутка. Се уште од сите страни ви се насмевнуваат плакати од Ѓорге Иванов и Амди Бајрам.
Доколку сте со автомобил возете внимателно, дупките во Шутка се исти со години.
Доколку на автобуската постојка ви недостасува покривот и настрешницата појдете во Шутка, таму сигурно ќе ги најдете.
На пазарот ви нудат оригинал фалсификат. Ќе ви понудат Версаче, Армани па и Луј Витон за помалку од 10 евра. Отпадот на излезот од Шутка ве враќа во реалноста, сепак ова е Версаче виа Шутка.