(ФОТО) Теофил Панчиќ: Луѓето се срамат од „Скопје 2014“ и што нивниот град служи за потсмев

Од:

Познатиот српски колумнист, новинар и писател Теофил Панчиќ вчера вечер, на неговата авторска вечер во ЕУ Инфо центар, за објектите од „Скопје 2014“ рече дека се толку чудовишни што додека не ги видите со свои очи , не можете да верувате дека може да постои нешто такво.

pancic3

-Не бев подготвен за оној Промотеј кој бил прво без гаќи, а потоа со гаќи. Не бев подготвен на оној Александар кој не е Александар, на неговиот коњ Букефал, кој не е Букефал. Тоа за мене е тематски парк. Јас не живеам тука, но гледам дека луѓето овде ги доживуваат како сопствена срамота. Иако тие не одлучиле да се прават такви грдотии – се срамат наместо тие што ги направиле. Се срамат што центарот на нивниот град служи за потсмев. Ова е бизарен показател на една грандоманија која би ја нарекле националистичка, но и тоа е сомнително, рече Панчиќ.

pancic1

За него е непоимливо како е можно некој „генијалец“ да смислил дека треба да се надоградат гипсени „барокни“ балкончиња на згради изградени во времето на социјализамот во центарот на Скопје, кој, што рече, сосема солидно можат да изгледаат

– Па тоа и во некоја хумористична серија да го ставите, ќе речеа дека е претерано. Слушам дека и трговскиот центар требало да добие барокна фасада, па што има врска барокот со нешто како штое трговски центар кој е цивилизациски изум на 20. век. Се работи за некоја длабоко примитивна перверзија која ве остава без здив.

Би сакал да ги запознаам тие луѓе што го смислиле ова, да ги проучувам…па кои се тие луѓе?

pancic2

Панчиќ смета дека она со што треба граѓаните на секој град да се гордеат – центарот на Скопје – станал грдосија, наместо да биде гордост.

– Кога би живеел во центарот на Скопје би сакал прозорите да не ми гледаат кон тие чудовишта, зашто би имал чувство дека тие зрачат некоја отровна радијација.

Панчиќ уште една го повтори својот став од колумната во белградско „Време“ дека Македонија е иднината на Србија, чија сегашна влада, тој ја нарекува постдемократска.

– Македонија е сега лидер во регионот – во низата на национал-популистички режими во југоисточна Европа, низа која почнува од Турција на Ердоган, Унгарија на Орбан, Србија, Македонија – а над таа низа се протега сенкат на големата мечка – Русија на Путин, рече Панчиќ.

pancic2

За сегашната политичка ситуација тој вели дека е добро што опозицјата се одлучила јавно да објавува материјали што укажуваат на криминал и корупција.

– Властодршците секогаш се плашат од јавноста и од јавниот збор, тоа сега се случува во Македонија, сега власта прави контрола на штетата, зашто во јавност изегле работите што ги правеле, вели тој.

Теофил Панчиќ е култен колумнист и критичар на белградскиот неделник „Време“ и коментатор на радиото Слободна Европа, како и на редица други медиуми во регионот.

Тој престојува во Скопје во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки.

А. Б.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски