(ВИДЕО) Шарената револуција блокираше четири крстосници во Скопје

Од:

Демонстрантите од Шарената револуција точно на пладне ги блокираа крстосниците кај зградата на Црвен крст, кај Соборниот храм, Судската палата и на раскрсницата помеѓу улицата Рузвелтова со улицата Митрополит Теодосиј Гологанов.

blokada7

– Нашата борба продолжува со блокада на овие раскрсници во центарот на градот. Нашиот протест ќе биде мирен и достоинствен.
Преку блокирање на улиците ќе покажеме како всушност изгледа со години нашaта земја. Ние живееме во блокирана држава, со блокиран пристап до правда, со блокирани и партизирани институции. Ќе го оневозможиме движењето како што со години оваа власт ја оневозможува еднаквоста пред законот и слободата на граѓаните. Резултатите од нашиот труд веќе се видливи, бидете сигурни дека ништо досега не беше залудно. Сега продолжуваме посилно. Свесни сме дека овој пат е тежок, но исто така сме убедени дека друг пат не постои. Само со истрајност во протестите ќе ја принудиме оваа власт да ги исполни нашите демократски барања, велат од Шарената револуција.

blokada-raskrstivme-so-vas

blokada

blokada5

blokada4

blokada3

blokada2

blokada1

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Србија нема да има Шарена револуција

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски