Демонстрантите од Шарената револуција попладнево пред Уставниот суд со боја напишаа голема петка, со што потсетуваат дека остануваат уште пет дена до исполнување на ултиматумот.
Тие околу петката со боја напишаа „СЈО е уставно“, како потсетување дека Уставниот суд треба да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, што е едно од барањата на Шарената револуција.
Демонстрантите потсетија дека доколку до 18 јуни не се исполнат нивните барања, тие ќе ја превземат работата во нивни раце.