Студентскиот пленум на социјалните мрежи објави фотографии од урнат покрив во еден од ходниците на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, објектот кој во странските медиуми беше наречен „Студентски дом од пеколот“.
– Домовите се распаѓаат исто како и системот во државата, но ние сè уште немаме добиено нов специјален студентски дом за да се спасат студентите живи од бедата во која живеат и која се руши околу нив. Ова е блокот Б во студентскиот дом “Гоце Делчев”, во кој пред некој ден како што може да се види на сликите се срушил дел од кровот во еден од ходниците. Овојпат немало повредени. Дали и наредниот пат нашите колеги ќе бидат еднакво среќни или пак до тогаш ќе добијат нов (специјален) студентски дом?, стои во реакцијата од Студентскиот пленум.