Вчера доцна попладнето падна првиот снег и во охридско. Побеле планината Галичица, па прекрасната глетка може да се забележи и од градот.
Фотографијата кон Галичица е направена од градското пристаниште. Под снежна покривка од вчера попладне е и планината Јабланица кај Струга и тоа пониските делови од планината, бидејќи снегот на Јабланица може да се забележи и од Охрид.