Граѓаните вечерва со една голема прегратка ќе кажат едно големо НЕ за облекувањето и на ГТЦ во барок.
Со петиција на влезот на Градскиот трговски центар, од 10 часот утринава, граѓаните се потпишуваа за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ, наместо да се префасадира во барок стил.
Голем број луѓе кои се противат на неговото исчезнување ќе формираат жив ѕид и симболично ќе ја испратат пораката дека го сакаат ГТЦ зашто тој е нераскинлив дел од иденитетот на Скопје и на неговото градителско, историско и културно наследство, дел од многуте лични интимни приказни.