ФОТО: Македонските „Шпански скали“ копија на хотел во Тирана или на скалите во Рим?

Од:

Дали оригиналот на скопските „Шпански скали“ не е во Рим туку во Тирана? Хотелот „Амадеус палас хотел“, кој се наоѓа на периферијата на Тирана, поточно на автопатот помеѓу Тирана и Драч, многу наликува на зградата „Шпански скали“ што ќе се гради на плоштадот во Скопје.

spanski

И двете згради се одликуваат со истата „барокна“ накитеност, бела боја со зелени „патинирани“ елементи, многу случни скулптури, што според објавените фотографии за изгледот на „Шпански скали“, треба да бидат поставени на зградата. Според објавеното идејно решение, од двете страни на главниот влез ќе има скулптури на кочии со коњи, а на покривот, на фасадата и околу скалите ќе има и други скулптури.

11994121_10207744057974651_1231005378_o
И на хотелот во Тирана и на зградата „Шпански скали“ има куполи и слични прозорци. Единствената разлика се скалите кои на македонската верзија на зградата се слични на „шпанските скали“ што се наоѓаат во Рим.

Сличноста на двете згради веројатно произлегува од тоа што ги гради истата фирма, се работи за албанската „Амадеус груп“, како и што се вика хотелот кој бил изграден пред неколку години на периферијата на Тирана.

11995709_10207744051134480_1463335665_n

Зградата „Шпански скали“ на плоштадот во Скопје ќе биде висока 16 метри и ќе има приземје и три ката, а во нејзини рамки е предвиден простор за деловни и комерцијални намени.

Советот на Град Скопје ја изгласа предлог одлуката за изградба на „Шпански скали“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Опозицијата жестоко се спротивстави на ова и тврдеше дека во февруари 2015 година, албанската фирма била ослободена од плаќање комуналии.

11998605_10207744071814997_274314844_n

Трошокот за изведба на објектот ќе биде на товар на албанската фирма, која во октомври 2013 година за околу 1,6 милиони евра ја купи градежната парцела во строгиот центар на Скопје.

11997477_10207744085975351_1213557974_n

Не е познато кој е автор на изгледот на зградата. Идејното решение го обезбеди и го наложи Министерството за транспорт и врски, без да биде објавено името на авторот.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски