Неделникот Република преку својата веб страна објави фотографија на која се гледа како ќе изгледа новата фонтана.
Постојните плочи на плоштадот делумно ќе бидат зачувани, а другите ќе бидат извадени и ќе се употребат на плоштадот кај црквата Пресвета Богородица.
На местото на извадените плочи, при реконструкцијата на партерот на плоштадот Македонија, ќе биде поставена коцка.
Проектот не е поврзан со ниту еден друг проект, туку е автономно проектно решение за дел од партерот на плоштад Македонија.