ФОТО: И „Македонија“ во барок-облека?

Од:

Барок стилот, кој нема допиран точка со македонската историја, традиција и култура, упорно се шири низ Скопје. Сега и улица „Македонија“, треба да облече барокно руво.

Владата бара согласност од станарите на улица „Македонија“, на потегот од Плеј кафе до Рекорд, за да ја реализираат идејата за нови фасади во барок-стил.

Дел од граѓаните сметаат дека фасадите треба да се обноват, но да се задржи првобитниот стил.

ulicamakedonija1 (1)

Златни орнаменти, ковано железо и украси треба да ги „красат“ зградите, но тоа ќе биде само на лице. А од внатрешноста на зградите се си останува по старо.

Жарко Чаушевски е одговорен проектант.

„Класичната архитектура ќе покаже дека Македонија е во Европа и дека таму припаѓа“, стои во Техничкиот опис.

ulicamakedonija2 (1)

Барокот се појавува во кон крајот на седумнаесетиот век во Европа, во периодот кога се афирмираат големите национални монархии. Италија во овој период е расцепкана и политички слаба, а Рим и понатаму е центар на уметноста.

Црквата е принудена да се спротистави на реформацијата, а промените во уметноста доведуваат до раѓањето на новиот стил, барок. Бегајќи од затворените форми, архитектите и вајарите бараат нови димезии на изразување и создаваат раскошни дела преполни со сценски иновации и движење.

ulicamakedonija4 (1)

Карактеристики на барокната архитектура се монументално и грандиозност како и нагасувањето на чувствата, со цел да се создаде впечаток врз човекот.

Црквите требале да бидат слика од небото на земјата, а палатите и замоците да репрезентираат богатство и моќ. Основа на објектите била елипсата или нејзините елементи, а чест архитектонски елемент е куполата. Се употребувале скапи материјали, злато, благородни дрва, како и боен мермер.

ulicamakedonija3 (1)

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски