ФОТО: Галијата на Вардар го добива финалниот изглед

Од:

Галијата на десната страна од кејот на Вардар го добива својот финален изглед.

Се заварува парче по парче фасадата на специфичниот објект во кој треба да се смести елитниот ресторан на фирмата изработувач „Фаланга“.

Ударите на работниците кои работат на сплавот одекнуваат низ центарот на градот и го привлекуваат вниманието на минувачите. Според нивното мислење луксузот за изградба на оваа помпезна креација не коиндицира со состојбата во државава. За разлика од останатите градби кои никнаа во Скопје, овој проект можеби ќе се покаже како пофункционален, со оглед на тоа што ќе биде угостителски објект, но вчудоневидува неговата појава, велат тие, во држава која се соочува со проблематична економија.

– Излишно е да се одвлекува внимание со овие импровизации, кога сите сме соочени со недостиг на квалитет во здравството и со низок егзистенцијален стандард. Потребно е да им се посветат на проблемите во општеството, да ја поправат стапката на невработеност, да ги зголемат здравствените капацитети, а не да се посветуваат на нешто што не е потребно ниту посакувано – вели скопјанка загледана во бродот-ресторан кој полека напредува.

„Фаланга“ ќе го користи објектот во наредните 10 години, со месечна кирија од 1.200 евра. Останува уште само да се види дали оваа иновација на Владата ќе ја има истата судбина како и Градската плажа покрај Вардар која не го предизвика интересот на скопјани и остана игнорирана.

Фото: Плусинфо

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски