ФОТО: Девет антички музи и уште два лава се поставени на кејот на Вардар

Од:

Нови скулптури на деветте старогрчки музи на уметноста се поставени меѓу столбовите помеѓу Агенцијата за електронски комуникации и Јавното обвинителство на кејот од Вардар.

Додека пак, на двата краеви на колонадата, на столбови од двете страни има и два нови бронзени лава. Овој нов објект од проектот „Скопје 2014“ што треба да потсетува на старогрчка архитектура е наречен „Независна Македонија“.

image

Инвеститор е Општина Центар со одлука на претходното раководство кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ.

Само лиењето во бронза на деветте скулптури и на лавовите што е направено во РЖ-Институт чини 412 илјади евра. Во овој договор за лиење не влегуваат хонорарите на авторите, ниту пак материјалот и изработката на скулптурите.

image image image

Автори на скулптурите на деветте музи се професорите на ФЛУ Беди Ибрахим Жарко Башески и Богоја Ангелкоски, а Мирослав Славковиќ е автор на новите златни лавови.

image

image

image

Би можело да ве интересира

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот