Формирана е 54-та Општинска организација на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија во Теарце

Од:

Денес беше формирана Општинската организација на Движење ЗНАМ – за наша Македонија во Теарце. Со ова, Движењето ЗНАМ продолжува да се проширува, формирајќи ја својата 54. Општинска организација низ целата земја.

За претседател на Општинската организација беше избран Славчо Тисевски, кој ја презеде водечката улога во реализацијата на целите на Движењето ЗНАМ за праведна и просперитетна општина.

На конференцијата се обрати Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, кој нагласи дека формирањето на оваа организација ќе помогне во создавање на поволни услови за подобрување на животниот стандард на граѓаните и зајакнување на локалната заедница во согласност со програмските цели на Движењето, кои се темелат на принципите на АСНОМ и Илинден – борба за слобода и еднакви можности за секој граѓанин.

„Силната локална заедница е основа за посилна Македонија. Движењето ЗНАМ се залага за зајакнување на локалните заедници и создавање услови во кои секој граѓанин ќе може да напредува и да живее достоинствено“, изјави Минчев.

Се дискутираше и за подготовките за претстојните локални избори, односно за формирање на советнички листи со кандидати кои ќе работат за интересите на граѓаните, со интегритет и достоинство, и кои ќе се залагаат за реализација на идеолошките цели на Движењето.

Движењето ЗНАМ продолжува со своите активности низ цела Македонија, со фокус на развојот и подобар животен стандард за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Минчев: Граѓаните не живеат од ветувања, туку од резултати што ги чувствуваат

ЗНАМ предлага измени на Законот за семејството: Посвоените лица да можат да добијат информации за своето потекло

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји!

А1он

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ