Формиран Регистарот на професионални медиуми, „А1он“ е меѓу нив

Од:

Шеесет и седум медиуми влегоа во првата фаза и за резултатите од креирањето Регистар на професионални онлајн медиуми. Во овој Регистар, во кој влезе и „А1он“ се онлајн медиумите кои имаат транспарентна сопственичка структура, кои објавуваат информативни содржини, кои ќе објават банер со кои се обврзуваат дека ќе ги почитуваат професионалните стандарди, а ќе ги објавуваат и одлуките на Советот за етика.

Дополнително, тие би требало да имаат ценовници за реклами, да се регистрирани на мк домејн, да имат најмалку еден уредник и двајца вработени.

Регистарот беше направен со цел читателите да знаат дека медиумот ги почитува стандардите и да се избегне ширењето дезинформации, пропаганда и лажни вести.

Овој Регистар „Промедиа“ беше изработуван половина година од страна на Советот за етика на новинарите на Македонија, Здружението на новинарите, а во соработка со Стопанската комора.

„Ова e отворен инклузивен процес не е конечен. Ова не значи дека во оваа прва фаза, понатаму нема да бидат, ова е фаза, жив процес. Ние како новинари сме способни сами да си го исчистиме сопствениот двор“, рече Катерина Синадиновска, претседателка на СЕММ.

Според претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, ова е бескраен процес кој ќе трае.

„Промедиа не ја направивме само за бизнисмените, за да се спречат заканите од уценувачите, туку и за граѓаните, да ги препознаат оние што шират пропаганда и да знаат кому да веруваат, а за политичарите, еве шанса да покажете дека ги цените професионалните стандарди“, рече тој.

Слободна Европа, Дојче Веле, Либертас, Слободен печат, ИРЛ, Нова, Фокус, Фактор, Е-магазин, Капитал, Вечер, Фронтлајн, 24 инфо, Алмакос, Журнал и други.

Во регистарот не се внесени порталите како „Инфомакс“, „Курир“, „Република“ и други.
„Сите што не ги исполнуваат условите не се дел од овој список. Дел од нив покажаа желба да бидат дел од Регистарот, а ние им дадовме рок од 3 месеци да ги почитуваат стандардите “, рече Синадиновска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува