Физички пресметка меѓу дебрани и жители на село Голем Папрадник, Центар Жупа

Од:

Четворица дебрани и исто толку жители од село Голем Папрадник, општина Центар Жупа, синоќа физички се пресметувале пред угостителски објект во Центар Жупа.

-Синоќа околу 22.00 часот, пред угостителски објект во Центар Жупа, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.А.(3) , З.А.(35), Ш.Л.(26) и Б.К.(30), сите од Дебар, од една страна и О.Д.(32), Ш.Д.(33), О.Д. (18) и Е.Д.(19), сите од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа, од друга страна, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека против нив, дебарското одделение за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава.

Според очевидци пак станува збор за иселеници кои живеат и работат во Италија а момнтно се на одмор во родниот крај а причина нерасчистени сметки од онаму каде што живат и работат.

Димоски исто така информираше дека ОВР-Дебар поднесло кривична против А.Д.(68) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

-Тој, во текот на септември 2020 година, во месноста „Бадеми“, на брегот на Дебарското Езеро, над постоечки објект, бесправно и спротивно на Законот за градба, изградил надградба од тврд материјал со што, се стекнал со противправна имотна корист од 146.520 денари, рече Димоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов