Повеќе непознати лица на возраст од 15 до 18 години вчера физички нападнале петнаесетгодишно момче во автобус на ЈСП бр. 65 кој сообраќал од село Стајковци до Транспортен Центар-Скопје.
Мајката на момчето Е.Н. (36) во полиција пријавила нападот се случил околу 13:20 часот кога во село Сингелиќ во автобусот влегле повеќе непознати лица кои откако се качиле на горниот кат најпрво физички го нападнале малолетникот, а потоа и неговите другари.
Момчето се здобило со повреди и во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.