Во полициска станица во Кичево во текот на вчерашниот ден околу пладне било пријавено дека на Житен пазар на улицата „Маршал Тито“ бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад.
61-годишниот Ш.И. со остар предмет му нанел телесни повреди на 55-годишниот Д.С., двајцата од Кичево. На Д.С. му била укажана лекарска помош во Општата болница во Кичево.
По целосно документирање на случајот, против Ш.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.