ВИДЕО: Финансиската полиција истражува дали ДКСК ја оштетила државата

Од:

Финансиската полиција со добиената документација ќе го истражува случајот со Државната комисија за спречување на корупција, со ненаменското трошење на буџетски средства, информираше на денешната прес конференција директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми.

Во тек е првата фаза од истрагата за ДСКС, јавноста ќе биде информирана за сознанијата кои ќе произлезат од проверката на документите кои се доставени до нив. Имаме разбирање и соработка со ДКСК, секоја документација ја доставуваат непречено. Во втората фаза ќе имаме и точен износ колку е оштетена државата“, вели Муареми.

Финансиските инспектори ги чешлаат документите од последниве три години на работењето на антикорупционерите и средствата кои ги земале од буџетот, по различни основи. По внатрешната ревизија во Комисијата за спречување корупција во јавноста се обелодени и дека постои сомневање дека антикорупционерите ги злоупотребиле парите од патните трошоци. Под притисокот од јавноста и медиумите, 5 од 7 члена поднесоа оставки меѓу нив и претседателот на комисијата, Игор Тантуровски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок