Филиповска Грашкоска: Инспекцискиот совет професионално презема чекори за утврдување дисциплинска одговорност на Саљиу

Од:

– Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска, по денешните наводи на просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, вели дека Инспекцискиот совет во рамки на своите законски овластувања, навремено и професионално ги презема сите потребни чекори за утврдување евентуална дисциплинска одговорност на инспекторот Африм Саљиу.

– Не ни е јасно зошто инспекторот Ѓорѓи Илиевски дава лажни наводи дека не се води постапка , при тоа наведувајќи дека од наша страна бил известен дека постапката е во тек. Во Законот за инспекциски надзор јасно е утврдена постапката за отпочнување на дисциплинска постапка против инспектор. Во конкретниот случај (за Африм Саљиу) постоеше претходно прашање за кое надлежна беше ДКСК, поради што по добивањето на преставката од Ѓорѓи Илиевски, Инспекцискиот совет побара од ДКСК да биде известен за тоа дали има или не судир на интерес кај инспекторот Африм Саљиу, вели Филиповска Грашкоска во писмена изјава до медиумите.

Таа дополнува дека од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) до Инспекцискиот совет била доставена соодветна документација на 25.09.2019 и соодветно дополнување на 30.09.2019 со која биле известени дека ДКСК утврди судир на интерес кај инспекторот Африм Саљиу при вршење на вонреден инспекциски надзор во Државниот универзитет во Тетово.

Инспекцискиот совет согласно со законските одредби одржала јавна седница на 8 октомври годинава на која донела заклучок дека преставката поднесена од инспекторот Ѓорѓи Илиевски е основана и го задолжила надлежниот член за следна редовна седница да поднесе барање за поведување на дисциплинска постапка против инспекторот Африм Саљиу.

– На 17 октомври на седница на Инспекцискиот совет, надлежниот член поднесе барање за поведување на дисциплинска постапка и согласно законските одредби се обративме до три институции да номинираат членови во независната дисциплинска комисија, се наведува во писмената изјава.

Се додава дека со оглед дека последната номинација пристигна на 15 ноември, веќе на 21 ноември на седница Инспекцискиот совет формираше дисциплинска комисија за водење на дисциплинска постапка за Саљиу и привремено му ја одзеде лиценцата на посочениот инспектор. Согласно законот, комисијата има рок од 20 дена да донесе одлука за евентуалната одговорност на инспекторот Саљиу, за што дополнително ќе бидат превземени соодветни активности, додава Филиповска Грашкоска во изјава до медиумите.

Претходно, вишиот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски најави кривична пријава за злоупотреба, бидејќи, како што рече, Инспекцискиот совет кој е формиран од Владата работи контра Антикорупциската комисија во однос на донесената одлука за поведување дициплинска постапка против главниот просветен инспектор Африм Салиу. – Тоа е незаконито, несовесно и непрофесионално работење на претседателката на Советот, Магдалена Филиповска-Грашковска, и на членот во Советот од областа образование, наука и култура, Ќерамедин Селими, изјави Илиевски.

Би можело да ве интересира

Заврши мерката „гарантирана цена“, најавени засилени инспекции против нечесни трговски практики

Горан Наумовски

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок