Филипче: За жал, секој ден има нови случаи на пациенти со морбили

Од:

Вакцинацијата се одвива со добра динамика. Околу 50-тина отсто од вкупниот број невакцинирани деца сега се вакцинирани. Се уште трае тој тренд на интерес кај родителите за да ги вакцинираат своите деца, што е за поздравување, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

За жал, како што рече, секој ден има нови случаи на пациенти со морбили кои се примаат на Инфективната клиника.

„Помеѓу четири-пет до десет пациенти на ден се прегледуваат. Тие кои се со полесна форма се упатуваат на домашно лекување, а останатите се хоспитализираат. Вкупниот број пациенти што се лечат на Инфективна клиника е 30-тина. Децата кои имаат потешка форма, компликации, во смисла сериозно воспаление на белите дробови, се уште се во тешка, но стабилна состојба“, рече Филипче.

Според него, тоа со што сега се соочуваме за жал е резултат на падот на колективниот имунитет, што се случува од 2014 година наваму.

Би можело да ве интересира

Се бара истрага за вмешаноста на Филипче на Онкологија: Утре повторно протест пред Влада

А1он

Велев: Пуштена антидијабетната терапија, состанок со МЗ се уште нема

Беким Сали го одобрил приемот на амбулантитите и исплатата, да престане да манипулира реагира Министерството за здравство

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека институциите одмораат додека се шири хеморагична треска: Ширите паника им одговори Министерството

Катерина Ѓуровски

По 13 години ќе се менува Пoзитивната листа на лекови, формирана е Комисија

Катерина Ѓуровски

МЗ: Еден донор спаси четири животи