Филипче се сретна со газдите на приватните болници, во недела ќе се знае како државата ќе ги користи нивните ресурси

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево оствари работен состанок со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“. Како што информираат од Министерството, разговорите биле конструктивни, а приватните болници изразиле позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од страна на државата за справување со пандемијата.

Со оглед на тоа што за првпат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравстевени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела, информираат од Министерството за здравство.

Дотогаш, на формализирање на соработката работат тимовите од МЗ и приватните болници, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Филипче: Невработеност од најниски седум отсто и поддршка од 180 милиони евра за бизнисот

Филипче: Месечен надоместок од почетни 60.000 денари за специјализантите

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ 11 години од специјализантите правеше социјални случаи, СДСМ го плати нивниот труд

Филипче од Кавадарци: Се среќавам со преку 200 луѓе дневно, лице в лице се гради довербата

Филипче од Радовиш вети просечна пензија од 30 илјади денари

Катерина Ѓуровски

Филипче: Зголемување за 15% на капитацијата за матичните лекари

Орце Костов