Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Од:

Претседателот Венко Филипче во името на СДСМ упати официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ за сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија, известија од партијата.

– „Подолг период сведочиме на системско поткопување на поделбата на власта, владеењето на правото и основните принципи на уставноста. Постои реална и основана загриженост дека извршната власт спроведува координирана стратегија за навлегување во судската независност, што укажува на јасна и систематска инсталација на авторитаризам„ стои во писмата.

Директно се посочува улогата на премиерот Христијан Мицкоски и се нотираат најавите со закани врз опозицијата и најавата за политички прогон:

„Имам чувство, кога набргу, високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството итн ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство не велам дека имам информации, имам чувство.“

Оваа изјава за политички реваншизам претставува директна закана за демократскиот плурализам. Неговото „чувство“ дека ќе следуваат конкретни постапки е транспарентен показател за намера за извршна контрола врз обвинителството и судството, односно подготовка на политички монтирани процеси.

Со ваквото однесување, користејќи ги двете функции – премиер и претседател на ВМРО Мицкоски ги претвора државните институции во инструмент на партиска пресметка, а истовремено ги користи како заштитен штит за сопствените структури, наведува претседателот Филипче во писмата.

СДСМ документира организирана делегитимизација на правосудниот систем и бара итна реакција од европските институции, нагласувајќи дека:

„Ваквото однесување е целосно неспоиво со вредностите на држава која претендира за членство во Европската Унија, се вели во соопштението од СДСМ.

Премиерот Мицкоски вели дека „секој има право да се допишува“, но дека неговите чувства се се посилни.

Мицкоски пред два дена рече дека има чувство дека високи функционери на претходната власт, поранешни премиер и нивни блиски роднини, ќе бидат опфатени со прогони.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашиот стратешки партнер САД ја намали воената помош за земјата зашто знае каква власт нè води

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%