Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

Од:

Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната свечена седница по повод 35 години од основањето на СДСМ. Филипче додаде дека граѓаните заслужуваат поинаква политика и подобра иднина.

-Лагите, лажниот патриотизам, сировиот национализам на штета на меѓуетничките односи заврши. Ја враќаме власта во рацете на граѓаните. И затоа вечерва, на 35-годишнината на СДСМ, сакам да се вратиме не само на нашата историја, туку и на нашата мерка. На реченицата на Киро Глигоров: „Македонија е сѐ што имаме“. Во таа реченицa има повеќе државна мудрост отколку во многу врева што сме ја слушале во изминатите децении и што се уште ја слушаме и денес. Во таа мудрост, e нашата иднина. Затоа, вечерва да си ветиме држава што не се плаши од вистината. Да си ветиме политика достојна за Македонија. Тргнуваме против оваа ненародна криминална предавничка власт, одново чисти, скромни, искрени и посоцијалдемократски од кога било досега, рече Филипче.

Во обраќањето на свечената седница Филипче најави нов социјален и европски договор со граѓаните, заснован на правда, солидарност и одговорно управување со државните ресурси.

-Тоа значи енергетиката да не биде партиски плен, туку национален интерес. Тоа значи модерно земјоделство, агро ресет, тоа значи потврден македонски идентитет, македонски мултилатерализам, нула корупција, еко патриотизам, културна мобилизација, радикална меритократија, гиг солидарност, крај на прекаријатот. Тоа значи четиридневната работна недела, праведни даноци, стекнување на првиот дом, силна социјална заштита и европската перспектива да не звучат како кампањски партиски лаги и манипулации, туку како делови од еден нов социјален договор со граѓаните.Држава за луѓето, а не само луѓе за државата, рече Филипче.

Тој порача дека партијата ја создаваат луѓето кои веруваат во вредностите и отвореното општество.

-СДСМ ја прават луѓето што веруваат во вредностите. Луѓето што имаат отворени врати за знаење, за младост, за критика, што ги почитуваат ослободените медиуми, за жените, за невладините и други организации, за луѓе кои никому ништо не должат освен на сопствената совест и на јавниот интерес. СДСМ ја прави меритократијата, а не кругот на удобните. Ја прави почитта кон работникот, а не почитта кон титулата, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он