Филипче: Претпоставуваме дека првите количини на ковид-вакцината од Бугарија ќе пристигнат во јануари

Од:

Нема конкретни информации кога ќе пристигнат првите ковид-вакцини во Македонија, колку вакцини ќе добиеме и колку ќе го чинат буџетот на државата.

За разлика од министерот за здравство Венко Филипче кој вели дека вакцината ќе биде донација, премиерот Зоран Заев вчера рече дека Македонија не треба да чека грантови и донации, со цел „час поскоро да добиеме вакцина“.

„Бугарија не е сигурна, но претпоставува дека првите големи количини на ковид-вакцината ќе пристигнат во јануари, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, објаснувајќи дека тогаш вакцината би пристигнала и кај нас.

Министерството за здравство официјално вели дека првата пратка вакцини која ќе ја добиеме од Бугарија ќе биде донација, додека Заев вчера изјави дека Македонија има обезбедено средства во буџетот за да им се плати на Грција и Бугарија за вакцините.

„Државата покрај тоа што има обезбедено средства во својот буџет за тие 833 илјади вакцини, оваа година во репрограмот кој помина пред некој ден во Собранието, ставивме дополнително еден милион евра пари за да ги имаме, да се исплатат сега инсулините, а да остане резерва во 2021 од таа програма која исто е соодветна за дополнително тие 60 милиони денари да се користат за набавка на дополнителни вакцини, затоа што и соседите кога ќе понудат веројатно треба да си платиме. Нашиот став е да не чекаме грантови и донации, да си платиме, државата има можност за тоа за час поскоро да добиеме вакцина“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи