Филипче: Потребен е државнички пристап за евроинтеграциите, Мицкоски одбива секаков предлог

Од:

Потребен е државнички пристап за одблокирање на европските интеграции, жалам што премиерот еднаш бара конструктивност а потоа одбива секаков предлог, рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање коментирајќи го одбивањето на предлогот за заедничка Резолуција во македонското Собрание за црвените линии како механизам за заштита на државните и национални интереси од страна на премиерот Мицкоски.

„Навистина жалам што премиерот еднаш бара конструктивност, а другпат било каков предлог одбива. Дали е тоа дел од предизборниот фолклор или не имајќи предвид каква кампања водеа минатата година, сега јас навистина не можам да кажам, но факт е дека ништо не се случува на полето на евроинтеграциите, а регионот оди напред. Оди напред Албанија, оди напред Црна Гора со веќе конкретен план дека до 2027 или 2028 година преговорите тие целосно ќе ги завршат. Ние практично сме во фаза како практично преговорите да сме ги напуштиле. И тоа е најлошото нешто што може да ни се случи,“ рече Филипче.

Тој најави дека СДСМ ќе изготви документ со јасни позиции за европските интеграции.

„Ќе спремиме еден документ којшто ќе биде работна верзија, кој ќе го понудиме во текот на оваа недела, во којшто сметам дека ќе влезат сите аспекти коишто се важни за државата. Ќе ги споменеме сите претходни декларации, ќе ги споменеме обврските коишто се преземени во рамките на Францускиот предлог и ќе дадеме предлог како ние како СДСМ сметаме дека треба да се продолжи понатаму, со јасни и точни црвени линии, конечно да знаеме сите на една маса за што зборуваме и како да продолжиме напред.“ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди на последиците од блокадата на процесот потенцирајќи дека младите се повеќе ја гледаат иднината надвор од државата.

„Тоа што сега се случува е практично само прво губење време, понатаму огромен раст на разочараноста на граѓаните затоа што ништо не се случува на тоа поле, младите се повеќе ја гледаат иднината надвор, губиме средства поради тоа што не се спроведува ни реформската агенда, посебно во делот на правосудството. Еве околу 80 милиони евра државата изгуби затоа што ниту еден закон којшто требаше согласно планот за раст не беше поднесен од страна на Министерството за правда.“ рече Филипче.

„Сметам дека навистина треба државнички да се настапи за да се одблокира тој процес на евроинтеграција,“ порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче од Гостивар: Власта трупа нови долгови, народот тоне во сиромаштија, платите стагнираат

А1он

Мицкоски од Берово: Нивниот дом за кој се борат се бизнисите, тендерите, зделките во четири очи, фабриките за марихуана

А1он

Мицкоски со Фон дер Лајен: Ја истакнав решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата

А1он

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен

А1он

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски