Филипче: Мора да се заштитиме од увозни носители на вирусот, затоа бараме тестови за државјаните на Србија, Босна, Црна Гора и Косово

Од:

Барањето државјаните на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово да покажат негативен тест за коронавирус при влез во Македонија е за да се заштитиме, оти вирусот во овие земји е многу попроширен отколку кај нас. Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека барањето за задолжителен негативен тест, кое утрово го доставиле до Владаta, дошло откако ги добиле податоците од нивните колеги во околните земји.

„Барањето е врз основа на податоците од минатата недела и од информациите од викендот. Имавме интензивни анализи на податоците, кои покажаа дека бројот на новозаболени е висок, а кај нив  бројот на заболени е многу повисок од вкупниот број тестирани. Вирусот е навистина многу попроширен. Ние мора да се заштитиме од увозни носители на вирусот и затоа за овие четири земји побаравме да се воведе задолжителен негативен тест при влез кај нас, не постар од 72 часа“, рече министерот Филипче.

Според него, кај нас нема ниту најава за потреба од дополнителни карантински мерки оти полека опаѓа бројот на новозаболени и бројот на нови приеми во болниците, а факторот на преносливост на вирусот е под 0,9.

Денескa Министерството за здравство извести дека има осуммина починати во изминатите 24 часа, а регистрирани се 163 новозаразени од коронавирус.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on